Антура: Изградивме нова холандска фабрика во Македонија, отворање на 6-ти мај

 

Директорот на холандската компанија Антура, која се занимава со производство на семенски материјал и растенија и која започна со изградба на капацитет во Кочани, Иван ван дер Кнап, изјави дека уште пред година ипол постоеле планови за инвестирање во Република Македонија, а сето тоа сега се реализира.

Бевме среќни што можевме да започнеме со изградба на крајот од минатата година и задоволни сме што за 12 месеци сме пред крајот на нашиот проект за изградба на капацитетот. Првите растенија веќе растат во Македонија и веќе стотина луѓе се вработени, изјави Ван дер Кнап.

Холандската фабрика во Кочани ќе биде отворена на 6-ти мај.

-Можам да соопштам дека планираме да ја отвориме официјално фабриката на 6 ти мај. Многу сме задоволни што го запазивме временскиот план за реализација на инвестицијата и сме среќни за целата поддршка која ја добивме и што имаме можност да работиме во Македонија. Се надевам уште на многу успешни години работа, додаде директорот на холандската компанија Антура.

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега