Уште еден крвав ден на скопските улици: Тешко повредени двајца пешаци

Уште еден крвав ден на скопските улици. Двајца пешаци се здобиле со тешки телесни повреди во две сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје. Покрај ова се случиле и шест несреќи со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест возачи на патничко возило, тројца сопатници и еден возач на мопед.

Од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 14 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 12 возачи кои го користеле мобилниот телефон или не го користеле сигурносниот појас, девет возачи кои го управувале возилото со измината важност на сообраќајната дозвола, како и осум лица кои го управувале возилото без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 63 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега