Кои населби ќе останат без струја?

Корисниците од улица „Скупи“ бб покрај река Вардар кај Графички центар во општина Карпош и корисниците од населба Драчево, дел од улица „Румена Хаџипанзова“ во општина Кисела Вода, утре 9:00 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Утре, во периодот од 9:00 до 17:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од село Визбегово-Стар Качанички пат, Полиестер Деј и Живинарска фарма-Визбегово, Резиденција Угриновски-Визбегово, Монико, Карго Транс, Дексион, Сервис Адем, Метал Техна и Супер Микс во општина Бутел.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, во понеделник од 08:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Серава“, „Панче Неделковски“ и „Коста Абрашевиќ“ во општина Чаир. 

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега