Бесен велешанец си ја нападнал сопругата па фрлал со керамиди по полицајците
Вчера околу 3 часот и 20 минути на улицата „Љубен Весов“во Велес, 29-годишниот Т.Б. кој бил качен на неговата куќа, со секира се заканил дека ќе го оној полицаец што ќе се обиде да го приведе, а притоа фрлал со керамиди по полицајците.
Велешанецот се заканувал дека доколку се приближат ќе ги запали со запалка „зипо“ која ја имал во себе.
Т.Б. бил претходно пријавен од граѓанин бидејќи под дејство на алкохол, истиот се однесувал насилно и физички ја нападнал неговата сопруга.