ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Водата за пиење во Кисела Вода небезбедна на неколку места

Согласно испитувањата направени од страна на Институтот за јавно здравје, кој е овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата, општина Кисела Вода, ги известува жителите од ова подрачје дека на каптираните извори на кои е утврдена неисправност на водата за пиење, е поставена табла со предупредување.

Се работи за каптираните извори-јавни чешми на следните локации:

Каптиран извор јавна чешма –Горномаалска чешма во село  Драчево;

Каптиран извор – јавна чешма сред село Драчево;

Каптиран извор- јавна чешма  Св.Петка –Кисела Вода ( уз.Црниче)

Исправноста на водата за пиење од сите постоечки каптирани извори-јавни чешми на територија на општина Кисела Вода е утврдена согласно Правилник за безбедност на водата ( Сл.Весник на РМ бр.46/ 08 , по налог на Министерство за здравство на РМ согласно Годишната  Национална  програма за 2014 година).

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега