Мигранти се криеле во товарен воз на Богородица
Вчера во 20 часот и 15 минути на Граничниот премин Богородица од страна на полициски службеници при извршена контрола на товарен воз откриени се тројца странски државјани.
Се работи за двајца државјани на Авганистан и еден е државјанин на Сирија, кои не поседувале документи.
Истите се предадени на грчката полиција.