Сакате благо а немате многу време? - ова е рецептот за вас!
Сакате слатки, но едноставно не се снаоѓате во кујна ? Ова е рецептот за вас
Потребно:
– 400 грама бисквити
– Две чаши млеко
– Чаша кисела павлака
– Две чаши слатка павлака
– Кесичка шлаг
– Пола килограм овошје по желба
– Чаша шеќер во прав
Во подлабок сад, се меша киселата павлака и шеќерот. Во друг сад промешајте ја слатката павлака.
Бисквитите натопете ги во млеко или пак во какао или кафе со млеко по желба. Потоа наредете ги во сад, а од горе намачкајте ги со смесата добиена од киселата павлака и шеќерот. Ставете го избраното овошје , а од горе шлаг пената.
Ставете уште еден ред бисквити, а потоа киселата павлака со шеќерот, овошјето, слатката павлака, а на крај остатокот од шлагот.
Оставете ја во фрижидерот најмалку два до три часа да се стегне.
ИЗВОР:ВИСТИНА
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа