За сите домаќинки: Сладок десерт готов за 15 минути!

 

Овој десерт може да го послужите после ручек, со кафе, за роденден или да го подарите на пријателите кои се љубители на благо.

Потребно ви е:

  • 200g чоколадо за секоја боја
  • 700ml засладено кондензирано млеко (за торта со 6 бои)
  • Неколку капки екстракт од ванила
  • Прехранбени бои

Подготовка:

Исечкајте ја белата чоколада, па додајте околу 110ml од засладеното кондензирано млеко.

Кондензираното млеко се купува во сите поголеми маркети спакувано во конзерви.

Додајте една боја во чоколадото и млекото, малку ванила и добро промешајте.

Еден длабок калап обложете со алуминиумска фолија, па ставете ја чоколадната смеса во него.

Постапката повторувајте ја толку пати колку што сакате колачот да има бои, само почекајте претходниот слој да се стврдне.

Кога ќе завршите, ставете го калапот во фрижидер неколку минути, а потоа извадете го виножитото сосе фолијата.

Внимателно отстранете ја и исечете парчиња или вадете облици со модли.

ИЗвор: Вистина

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега