„Виз ер“ воведе нова постапка за пилотските кабини
Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“, којашто реализира субвенционирани летови од македонските аеродроми, информира дека ги ревидирала кабинските постапки и оти воведува нова постапка со која се осигурува дека во иднина пилотската кабина никогаш нема да биде управувана само од едно лице.
- Доколку еден од пилотите ја напушти пилотската кабина тој или таа ќе бидат заменети од страна на друг член од екипажот, изјави портпаролот на „Виз ер“ Даниел Де Карваљо.
Новата постапка веќе е одобрена од Унгарската агенција за цивилна воздушна пловидба.
Оцени ја веста
27.03.2015 - 13:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа