Нова рунда српско-косовски преговори

Иако серијата разговори меѓу Белград и Приштина минатата година заврши со потпишување на договорот за нормализација на односите, наскоро во Брисел се очекуваат нови рунди на дијалог во кабинетот на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон, овојпат посветени на имплементацијата на договорот, дознава Танјуг од дипломатски извори во седиштето на ЕУ. 

- Сте лажете ако мислевте дека минатата рунда разговори меѓу премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи беше последна, изјавил бриселски дипломат, добро упатен во досегашниот тек на дијалогот, во кој засега се одржани 10 круга.

Тој објасни дека во Брисел се свесни оти прашањето за примена на договорот е премногу комплицирано за да може да се реши исклучиво на ниво на работни групи и поради тоа ќе биде неопходно дијалогот да продолжи на високо политичко ниво.

Ештон синоќа по состанокот на Министерскиот совет на ЕУ во Луксембург, за време на кој ЕК препорача на Србија да и се додели датум за преговори, индиректно ја потврди ваквата информација, нагласувајќи дека и натаму им стои на располагање на учесниците во разговорите.

- Им понудив да учествувам не само во примена на договорот, туку и во развој на идните односи, истакна Ештон на прес-конференција.

Високиот дипломат изјави дека се уште е рано да се зборува кога ќе се одржи првата рунда од дијалогот за имплементација во Брисел, бидејќи договорот прво треба биде потврден во белградските и преиштинските институции, по што се очекуваат повеќе состаноци на експертско ниво.

ФОТО: 24 Вести

најчитано сега