Фејсбук ни дава по десет евра - како да ги земете парите?

 

Фејсбук на своите корисници ќе им поклони по 10 евра како мал знак на внимание. Верувајте дека овие пари за компанија како Фејсбук не преставуваaт ништо, а на многумина добро ќе им дојдат. Затоа ако денес во текот на денот добиете маил со порака дека сте освоиле пари немојте да го бришете. Фејсбук е најпопуларна социјална мрежа, и на месечно ниво има дури милјарда и 390 милиони корисници, што е повеќе и од популацијата во Кина, најнаселената земја во светот. Меѓутоа за граѓаните на нашата земја процедурата за добивање на овој подарок малку е покомплицирана со оглед на дека не сме во Европската унија, но наградате не е недостижна.

Пред се, потребно е да отворите сметка во Ирска (земја која има најмал данок во Европа), а најлесно тоа да го направите е по пат на Интернет. Следната работа која ќе морате да ја направите е да потполните мал формулар кој наскоро ќе се појави на вашиот "News feed".Пополнувањето на формуларот е неопходно за Фејсбук да може да утврди дека се работи за вистинска личност. Од вас ќе се побара да дадете информации за место на живеење, број на сметка, број на телефон. Доколку мислите да направите повеќе лажни профили за да соберете повеќе пари, да знаете дека тоа нема да биде можно бидејќи Фејсбук од секоја личност која го потполнила формуларот ќе побара потврда за идентитетот.

Откако ќе го потполните фомуларот очекувајте повик од операторот на компнијата на Фејсбук. За среќа, не е потребно да знаете англиски бидејќи со операторот кој ќе ве побара ќе можете да разговарате на хрватски јазик, што е одлично со оглед на тоа дека голем број во Македонија не зборуваат англиски. Во текот на разговорот од вас ќе побараат да ги потврдите информациите кои сте ги внеле во предходниот формулар. Фејсбук со делење на подарпците ќе почне од први април, а се очекува сите корисници да добијат по 10 долари до крајот на годината.

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега