Интернетот ви е спор? - еве каде е грешката која сите ја правиме!

 

Сите многупати сме се изнервирале бидејќи ни паднал нетот или преногу бил спор. Џејсон Кол, докторант по физика на Империјал Колеџот во Лондон, со помош на математика открил кое е најдоброто место за сместување на безжичниот рутер. Тој се послужил со Хелмхолцовата равенка за мапирање на електромагнетни полиња како оние кои ги емитира рутерот. Открил дека сместувањето на рутерот во далечен, неупадлив ќош не е идеално за добрата врска, иако поголемиот дел од нас го правиме токму тоа.

Во разговорот за "Huffington Post", Кол даде низа совети со чија помош вашиот рутер ќе испраќа појак сигнал во вашата куќа или стан и на тој начин ќе го намали бесконечното време на чекање.

1. Поставете го рутерот во средишна позиција.

2. Немојте да го опкуржувате со метални предмети.

3. И бетонските ѕидови се "непријатели".

4. Не го чувајте рутерот во близина на микробрановата печка.

5. Поставете го високо.

6. Поставете ја антената кон горе за подобар хоризонтален прием или на страна за вертикална.

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега