Од понеделник ќе возиме поскап бензин во Македонија?

 

Американската лесна нафта за испорака во мај поевтини на берзата во Њујорк за 52 центи при денешното тргување и во моментов се продава по цена од 49,57 долари за барел. 
Северноморската нафта од типот Брент која се увезува и во Македонија на берзата во Лондон поевтини за 50 центи на 56,60 долари за барел, јави Франс Прес. 
Иран е голем производител на нафта и укинувањето на санкциите ќе ја спушти цената на подолг рок.
Сепак, на краток рок цените на енергенсите во Македонија не се очекува да се намалат. Идниот понеделник, Регулаторната комисија за енергетика ќе направи нова корекција на цените. Доколку нема некои посериозни поместувања на светскиот пазар, не се очекуваат ни посериозни промени во Македонија. Можно е да возиме горива поскапи за еден денар по литар.

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега