Фрлен молотов коктел кон кладилница во Тетово

Непознат сторител синоќа во 4 часот по полноќ фрлил молотов коктел кон  кладилницата Моцарт во Тетово на булеварот „Илирија“.

Насилникот го скршил стаклото на вратата и внатре ја фрлил експлозивната направа, која ја опожарила и исчадила внатрешноста на кладилницата уништувајќи дел од инвентарот.

Пожарот бил забележан од полициска патрола по што на местото пристигнале и од Агенцијата за обезбедување, како и од противпожарната единица од Тетово кои го изгаснале пожарот. Вработените велат дека целиот настан е снимен со безбедносните камери.

ФОТО:Канал 5

најчитано сега