Странските инвестиции обезбедуваат сигурна работа за домашните фирми

 

Покрај новите работни места, стрaнските инвестиции овозможуваат сигурна работа и за домашните компании. Засега градежните компании се со најмногу шанси...

Странските инвеститори обезбедуваат работа за домашните компании. Грaдeжните фирми со најмногу шанси. Во изградбата на производствените објекти за нив има најмногу работа. Тоа пак е причина бројот на вработени постојано да расте.

„Имаме веќе партенери со кои работиме, и очекуваме да има и нови инвеститори со што ќе го зголемиме бројот на работни места, кој во моментов изнесува 40“, вели за МРТ Мирче Додевски, стопанственик.

Најавите за нови инвестиции се сигнал дека градежниците и понатаму ќе имаат сигурна работа. Во индустриските зони во Велес продадени се сите парцели. Локалната самоуправа веќе почна процедура за создавање на нови дваесетина парцели.

„Подготвуваме уште еден план на потегот во непосредна близина на Топилницата, од левата страна покрај пругата. Потег во кој ќе има дваесетина плацеви за продажба на заинтересирани инвеститори од Велес“, изјави градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев.

Интензивни градежни работи во Велес се изведуваат во три индустриски зони. Тука се градат помали производствени капацитети кои креират стотина нови работни места.

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега