Од овој месец по 1000 денари повисока плата

 

Над 10.000 вработени во Министерството за внатрешни работи априлската плата ќе ја добијат со ветеното зголемување. Овластени службени лица и полициските службеници во МВР ќе добијат повисока плата за 5% во однос на онаа за март.

 

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, истакна дека ова усогласување на платите на полициските службеници е поддржано од граѓаните.

-Крајна цел е зголемување на износот на платите за 20% на полициските службеници и овластените службени лица етапно до 2017 година, истакна Јанкулоска.

Усогласувањето кое ќе трае во наредните две години ќе придонесе платите на вработените во МВР да се изедначат со платите на цариниците.

За оваа намена, додаде Јанкулоска, Владата обезбедила дополнителни 250 милиони денари.

Министерката нагласи дека од 2006 година, кога се дојдени на власт, во неколку наврати се реализирани покачувања на платите, кои сега се повисоки за 25 проценти, што според неа е најдобар показател за односот на Владата кон припадниците на МВР.

Паралелно со ова покачување, истакна таа, доколку се донесе евентуално ново покачување на платите за јавната администрација, истото за вработените во МВР ќе биде дополнително и независно од ова најавено покачување, кое ќе започне да се исплаќа со априлската плата.

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат (МПС), Тихомир Климовски, истакна дека процесот на усогласувањето е започнат пред неколку години и е резултат на конструктивниот и одличен однос меѓу синдикатот и Владата.

-Паричниот инпут ќе придонесе за зајакнување на стандардот на семејствата и зголемување на мотивираноста на вработените во Министерството, истакна тој.

Покрај зголемување на платите во завршна фаза се и договорите за нов колективен договор.

 

 

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега