Лоши вести за возачите: Нафтата се поскапа

 

Нафтата денеска поевтини на светските берзи поради стравувањето на инвеститорите дека по договорот за иранската нуклеарна програма, Иран ќе започне со извоз на нафта што ќе придонесе за дополнително зголемување на и онака рекордно високите глобални резерви на енергенсот. 

Американската „лесна“ нафта за терминска испорака во мај на денешните електронски тргувања на Њујоршката берза поевтини за 35 центи на 51,79 долари за барел.

Во исто време, на Берзата во Лондон цената на северноморскиот „брент“ за испорака во мај се намали за 51 цент на 57,61 долари за барел. 

Денешното поевтинување уследи по вчерашниот раст на цената на американската нафта за три, а на „брентот“ за 3,17 долари.  Оваа цена е повисока од онаа по која се формираа цените кои почнаа да важат од денеска на полноќ

Аналиитчарите проценуваат дека поевтинувањето на нафата се должи на стравувањето на инвеститорите дека минатонеделниот договор меѓу Иран и меѓународната „шесторка“ за иранската нуклеарна програма ќе резултура со укинување на западните санкции кон Техеран, што ќе и овоможи на земјата да почне со поголем извоз на нафта на глобалниот пазар, што ќе продонесе за раст на понудата на енергенсот.

- Многу трговци очекуваа договорот со Иран да доведе до наплив на иранска нафта на пазарот, но тонот на САД укажува дека укинувањето на санкциите ќе се одвива бавно, смета инвестицискиот аналитичар на сингапурската компанија „Филип Фјучерс“, Даниел Анг.

Иран располага со четврти по големи резерви на нафта во светот, но поради западните санции неговиот извоз на енергенсот од 2,2 милиони барели на ден во 2011, последниве години се сведе на околу 1,3 милиони

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега