Нема губитник на изборите во Албанија - сите партии слават победа
По изборите во Албанија сите партии прогласија победа и слават, објавија албанските медиуми.
Први победа прогласија социјалистите преку нивниот лидер Еди Рама, неколку минути пред затворањето на гласачките кутии.
Веднаш по него и демократите преку Мајлинда Брегу, актуелен министер за евроинтеграции, го стори истото лидерот на Движењето за социјалистичка интеграција, Илир Мета, чија партија е дел од левата коалиција Алијанса за европска Албанија3 која објави „плебисцитарна победа“ на оваа колација, која во гласачките кутии има 80 пратеници, од кои 15 до 20 се од неговата партија.
Победа прогласи и националистичката Алијанса црвено црни преку Фејсбук додека Бамир Топи од Нов демократски дух, исто така искажа голем оптимизам за резултатите.