Велигденски рецепт: Јагнешка нога на традиционален начин
За најголемиот христијански празник Велигден трпезата во нашиот дом е секогаш богата, но главно јадење е приготвувањето на јагнешкото месо. Еве како да приготвите јагнешка нога на традиционален начин
Една јагнешка нога (приближно 2 килограми);
- Три чешниња лук, пресечени на половина;
- Една супена лажица сол;
- Едно кафено лажиче бибер;
- Едно кафено лажиче оригано;
- Малку лимонов сок;
- Две супени лажици омекнат путер; и
- Една чаша жешка вода.
Времето на подготовка е приближно два часа и дваесеттина минути.
Велигденски рецепт: Печена јагнешка нога на традиционален начин
1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Убаво измијте ја и исушете ја јагнешката нога. Со остар нож направете мали засеци по должината на месото.
2. Попрскајте го месото со мешавина од сол и бибер. Вметнете ги половинките од лукот во засеците.
3. Направете смеса од лимоновиот сок, солта, биберот и ореганото и со неа истријте го месото по целата површина.
4. Месото поставете го врз решетка за печење поставена во тава. На горната страна од месото намачкајте го путерот, а во тавата истурете ја жешката вода.
5. Печете го месото откриено 25 минути. Потоа превртете го и намалете ја температурата на 175 степени. Печете го уште приближно два часа, повремено додавајќи вода во тавата, по потреба.
Извор: Игуана
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа