ФОТО/ВИДЕО: ЧУДОВИШТЕ ОД РУСИЈА - Викинг 29031 гази се пред себе, а може и да плови!

 

Неодамна Русите ја презентираа новата Лада Нива со шест тркала како нивна алтернатива на Мерцедесот G63 AMG 6x6. Секако, предностите на оваа Лада се во теренските способности, многу повеќе отколку во опремата и имиџот.

Сепак, Русите имаат уште едно импресивно возило кое не спаѓа во воениот погон. Станува збор за џипот „Викинг 29031“кој го произведува фабриката Атом Импулс, која се наоѓа во Татарстан. На прв поглед јасно е дека се работи за робусен теренец. Тој е тежок околу два тона и е способен да превезе 7 лица или околу 850 килограми товар, а е опремен со големи пневматици со низок притисок со кои е многу полесно да се совлада терен прекриен со снег.

Покрај тоа неговите пневматици имаат и систем за контрола на притисокот кој овозможува тие да се издишат кога возачот има потреба од тоа. Викингот 29031 може и да го менува растојанието на возилото од тлото од минималните 300 до максималните 600 милиметри, што е доволно за преминување на било кој терен.

Но и тоа не е се. Викингот е и амфибиско возило што значи дека е способен да совлада и водени препреки, односно да плови благодарение на неговиот Water jet погон кој во водата обезбедува брзина и до 12 километри на час. Во моментов на заинтересираните купувачи им се нудат две верзии од овој џип со различни мотори.

Едниот од нив е мотор на Форд, па затоа и не чуди дизајнот на воланот кој е сличен како кај фордовите автомобили, па дури и менувачот. Возачот инаку седи централно, како во формула 1 додека зад него се сместени седиштата за патниците или просторот за товар.

Веројатно многумина се прашуваат колкава е потрошуваката на овој монструм, а според патничките спецификации тоа се 15 литри нафта на 100 километри на час, а 20 литри на офф-роуд. Викингот има уште една предност, а тоа е неговиот огромен резервоар со кој може да помине и над 1000 километри што во земја како Русија е навистина важно.

 Податоци за точната цена на Викингот се уште нема, но таа наверојатно ќе биде пониска од онаа на неговите конкуренти како Land Rover Defender.

 

 

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега