Словенија го слави Денот на независноста

 

Денеска во Словенија со низа манифестации ќе биде одбележана 22-годишницата од прогласување на независноста на државата.

Централната свеченост ќе биде одржана на Конгресниот плоштад, каде ќе се обрати претседателот Бохор Пахор.

Според резултатите од анкетата објавена во словенечкиот весник „Дело“, само десет проценти од Словенците оценија дека состојбата во државата денес одговара на нивните очекувања кои ги имаа кога таа настануваше, додека поголемиот број од нив се разочарани.

ФОТО: Нетпрес

 

најчитано сега