Нови вработувања: Германската „Техникал текстил" ја почнува инвестицијата во Штип

 

Германската компанија Техникал текстил почнува со реализација на најавената инвестиција во Македонија. Претставници на оваа компанија денеска ќе се сретнат со премиерот Никола Груевски по што ќе го потпишат договорот за својата инвестиција од 12 милиони евра во Технолошко индустриската развојна зона - Штип.

Станува збор за фабрика која се занимава со производство на изолациски материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија. Во првата фаза се планирани вработувања на 500 до 600 лица.

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега