Еве што се случувало со исчезнатата српска манекенка

 

Лекарскиот преглед направен врз манекенката Мина Миленковиќ која побегна по расправија со своето момче и цела Србија ја бараше два дена, покажа дека не била силувана.

Според податоците на Телеграф, Мина ноќта меѓу петокот и саботата поради неуспешен обид да се смири со своето момче, избегала и му пратила порака дека никогаш нема да ја види. Таа седнала во својот автомобил и заминала во непознат правец. Наредните 39 часа додека не е пронајдена не одговарала на телефонските повици. Додека се паркирала со автомобилот оштетила четири возила, а со прегледот е утврдено дека нема повреди и дека не е силувана, туку само исцрпена.

Според неофицијални податоци од извор близок до манекенката, таа заминала од Белград но ја фатило паника кога се изгубила.

На Фејсбук во меѓувреме се огласи и семејството на Мина.

- Драги луѓе сакаме на сите да им се заблагодариме за помошта. Мина е жива и тоа е најважно. Ги молиме медиумите да не шпекулираат што се случило, пренесе Телеграф.

најчитано сега