Потпишан договорот: Техникал текстил за еден месец почнува со производство - ќе се вработат 1.000 лица

 

Германската компанија Техникал текстил за еден месец ќе го почне производството во фабриката што ја гради во ТИРЗ Штип. Првите 50 вработени од планираните 1.000 се веќе на обука во нивната фабрика во Словачка, а веднаш бараат и дополнителни 300 до 400 лица за да ги ангажираат во фабриката во Штип. 

Сопственикот на Техникал текстил, Јенс Венгленд, денеска со директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо го потпиша договорот за реализација на инвестицијата во Македонија вредна над 10 милиони евра, на кое присуствуваше и премиерот Никола Груевски.

Идејата за инвестирање во Македонија произлегла од рекламата која ја видел во авион додека патувал кон Абу Даби каде што требало првично да се реализира оваа инвестиција, а го привлекле и подобрите услови што ги нуди Македонија за правење бизнис.

- Сакаме да почнеме што побрзо со реализација на инвестицијата. Планираме изградбата на фабриката да заврши за четири недели, а ќе произведуваме за бродската индустријата и индустрија за енергија од ветер, рече Венгленд и додаде дека планираат да ја прошират инвестицијата и на производство на алуминиум и пластика, како и други инвестиции од нивни партнери.

Директорот на дирекцијата за ТИРЗ Мизо посочи дека фабриката ќе се простира на 13.000 метри квадратни и ќе го има истиот произвдствен процес како во нивната фабрика во Словачка.

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 14:35
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега