СДСМ: Зошто Македонија нема да биде спомната во заклучоците на Самитот на ЕУ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја праша Владата зошто Република Македонија нема да биде спомната во заклучоците на претстојниот Самит на Европската унија.

Во изјава за медиумите, секретарот на опозициската партија Оливер Спасовски праша зошто земјава ја загубила поддршката од  традиционалните партнери за членство во ЕУ.

- Зошто Македонија постојано е на дното на светските листи по медиумски слободи и права? Зошто многу од политиките во образованието на оваа Влада пропаѓаат? Зошто крахираат реформите во здравството, образованието и во многу други сегменти на општественото живеење на Република Македонија?, праша Спасовски, кој оцени и дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ со „таканаречените случувања во опозицијата“ ја дефокусира јавноста од суштинските прашања.

најчитано сега