Суспензија за Стеауа - Вардар на чекор до фудбалската ЛШ

 

Повеќе медиуми пишуваат за суспензија на романскиот фудбалски клуб Стеауа од страна на УЕФА, што значи дека Вардар би можел без напор и по службен пат да се пласира во третото квалификациско коло од ЛШ.

Официјалната информација треба да биде соопштена утре, но романските медиуми пишуваат дека одлуката е веќе донесена и таа значи две годишна суспензија за Стеауа.

УЕФА поведе истрага против Стеауа поради кршење на критериумите за добивање на лиценца и правилата на финансиски фер плеј. Стеауа го откажа денешниот тренинг, а на фудбалерите им е забрането да даваат било какви изјави за медиумите.

Сепак, на одлуката на УЕФА, Стеауа ќе поднесе жалба до спортскиот суд во Лозана која се очекува да биде одбиена, евентуално казната да биде преполовена на една година суспензија.

Доколку нашиот шампион оди директно во третото кваификациско коло, тоа ќе значи најмалку четири меча за црвено-црните, зошто клубот што испаѓа од третата рунда, оди во последниот квалификациски круг за пласман во УЕФА Европа лигата.

Од друга страна, доколку Вардар оди понатаму по службен пат, голема е веројатноста нашиот тим да биде носител во третото коло што значи дека ќе се судри со полесни противници

 

 

најчитано сега