Следува јавен оглас за закуп на државни земјишта и воведување на субвенции за расен добиток
Лозарите и сточарите и сите други земјоделци знаат низ колку реки жедни поминаа со СДСМ од една страна и каква поддршка денес имаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот Никола Груевски денеска во Прилеп најави јавен оглас за запук на државни земјишта и воведување на субвенции за расен добиток.
-Вкупно над 25 милиони евра годишни субвенции. Во време на ВМРО-ДПМНЕ на ниво на општина исплатени се преку 100 милиони евра. И кога сум веќе кај земјоделците, да најавам дека во месец мај ќе има објава на јавен оглас за доделување на државно земјоделско земјиште за закуп до 3 хектари за општините: Гази Баба, Кисела Вода, Битола, Ресен, Тетово, Гостивар, Струга, Крива Паланка, Кочани, Свети Николе, Велес, Гевгелија и секако овде во Прилеп. Само во Прилеп вкупно ќе бидат распределени околу 800 хектари, потенцираше премиерот.
Тој најави дека наскоро се воведуваат субвенции за сточарите во висина од 50% од трошоците за набавка на расен добиток, вклучително високоприносни грла овци што всушност е и барање на сточарите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа