Владата ќе овозможи работниците од пропаднатите фирми по намалена стапка да може да ги платат придонесите
Работниците се изнаслушаа ветувања од СДСМ. Никогаш не ја добија толку бараната загарантирана со закон минимална плата. ВМРО-ДПМНЕ не ја вети, но ја обезбеди, како што ги обезбеди и сите работници кои работеа во доминантно државни фирми, а отидоа во стечај.
Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на големиот народен собир во Прилеп.
-Одејки на терен слушнавме за уште едно барање на многу работници, на кое веќе изнајдовме решение кое наскоро ќе се преточи во закон. Тоа е бараното од многумина право на откуп на стаж за работници кои работеле во фирми кои се пропаднати поради стечај или слични причини и кои подолго време не работат и постојат. Со новите законски измени кои ќе следуваат, се предлага работниците од ваквите фирми да можат, досега неможеа, да си го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за неплатени придонеси заклучно со 31.12.2008 година, со оглед дека од 1.1.2009 започа системот на интегрирана наплата на плати и придонеси, по намалена стапка, истакна премиерот.
Тој порача: Следете ги политичарите по тоа што го создаваат за вас, по тоа што го работат да го подобрат вашето секојдневие, по тоа што се обидуваат да ви отворат повеќе можности и шанси за вас и вашите најблиски.
-Ние го ветивме влезот на светскиот гигант Филип Морис во Прилеп, а со тоа и стабилизација и долгорочен прогрес на тутунскиот комбинат во Прилеп. Се случи тоа. Така наскоро од октомври на Прилеп ќе почне да му се случува американскиот гигант во автомобилската индустрија Гентерм кој со инвестиција од 20 милиони евра планира 2000 илјади нови работни места за прилепчани и луѓето од околните места. Ќе биде сместен во слободната зона која Владата ја гради и која од октомври ќе биде функционална. Се инвестираат средства да се заврши тоа брзо. Исто како што на Кавадарци му се случи Дракселмајер со 4800 вработувања, а беа планирани најмногу 4000, а веќе се најавени дополнителни 500 во Дрекселмајер во наредните месеци. Или пак Кофи каба, исто така кај Кавадарци, која дојде како сорботник на Дракселмајер, посочи Груевски
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа