Премиерот договорил инвестиции на две компании и нови 350 вработувања
Нови две инвестиции и уште 350 вработувања денеска најави премиерот Никола Груевски за прилепскиот регион.
Да ги најавам и германската фирма АКОМПЛАСТ која отвора фабрика за производство на компоненти за автомобилската индустрија, технологија со импрегнирање. Се работи за компанија која спроведува висока технологија, со почетна инвестиција од неколку милиони евра и 250 вработувања. Првите вработени ќе бидат пуштени овој месец, април-мај, на доусовршување во матичната фирма во Германија. И уште една најава, а тоа е за инвестиција на италијанската компанија која ја носи како и претходната министерот Бил Павлески се вик bizzi&buzzi која одлучи да инвестира во Прилеп во производство на расветни тела, и која на самиот почеток ќе вработи 50 лица, а во период од 2 години ќе вработи над 100 лица, изјави Груевски.
Тој посочи дека за компанијата се потребни млади кадри кои го познаваат англискиот јазик, а американската компанија за производство на етанол, која самата објави планови за влез во Прилеп, се уште работи на подготовка на предусловите за да ја почне инвестицијата, која по реализацијата ќе ангажира околу 2000 луѓе.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа