Богов: Македонската економија е доста добро позиционирана

 

Разменивме мислења за ризиците во светската економија. Видувањата на ММФ и на Светска банка се дека најголемите ризици произлегуваат од излегувањето на американскиот фет од онаа програма за пуштање ликвидност, сега значи тие треба да пристапат кон повлекување на ликвидноста, прашање е кога ќе го започнат тоа. Меѓутоа тоа врзува одредени ризици за светската економија, бидејќи таа ликвидност е раширена насекаде во светот. Исто така ризикот од дефлација во Европа беше потенциран. Очекувањата се дека вризнувањето на ликвидност на Европската Централна банка ќе придонесе за надминување на опасност од пролонгирана дефлација во еврозоната. Исто така беше разговарано и за грчката должничка криза и како таа ќе се заврши. Така што тоа се најголемите ризици и можам да кажам дека македонската економија е доста добро позицирана да издржи шокови од било кои од овие три ризици вели Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Р. М, за МТВ.

“Нашата валута е врзана со еврото, така што како се движи еврото спрема доларот, така се движи и денарот спрема доларот, меѓутоа нашата економија главно извезува во европската економија и од тој аспект не очекуваме никакви негативни импликации, напротив можни се одредени позитивни ефекти затоа што нашите производители ќе бидат поконкурентни на европскиот пзара во однос на производителите чии цени се изразени во долари. Исто така во прилог ни оди и намалувањето на цената на нафтата, иако доларот зајакнува, намалувањето на цената на нафтата конмпезира за зајакнувањето на американската валута и засега се позитивни ефектите врз нашата економија“ вели Богов.

 

 

Оцени ја веста

19.04.2015 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега