Помалку мед годинава

 
Производство на мед годинава е намалено поради врнежите и ветерот. Според членовите на здружението „Пчела“ од Куманово, неповолните услови негативно се одразија врз приносот кој во просек изнесува 10 до 15 килограми по кошница.
 
Тие денеска одржаа годишно собрание на кое избраа ново раководство со мандат четири години. Претседателот Часлав Ристовски најави воведување новини за зголемување на членството во Кумановско.
 
Неговиот претходник Бранко Тасевски нагласи дека обврска на новото раководство ќе биде да го задржи авторитетот што кумановските пчелари го уживаат во земјата и надвор од неа стекнат со долгогодишна, организирана и макотрпна повеќедецениска работа. 
 
Здружението „Пчела“ функционира од 1971 година. 
 

 

Оцени ја веста

19.04.2015 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега