Норвешка ги укинува ФМ радијата
Норвешкото Министерство за култура најави дека од 2017 година ќе започне процесот на целосно трансформирање на радио станиците со фреквенциска модулација (ФМ) во дигитални, со што ќе се стави крај на една ера.
Како што објави портаолот Радио.но, според Министерството, дигитализацијата ќе им овозможи на норвешките слушатели поразновидни радиски содржини.
Раководителот на Норвешкото здружение на радиодифузери, Тор Гермунд Ериксен смета дека ваквата одлука преставува важен момент за сите оние што го сакаат радиото. - Одлуката на Министерството ќе ни овозможи да се насочиме кон создавање на радиски содржини со висок квалитет, нагласи Ериксен.
Во моментов во Норвешка функционираат 22 дигитални радио станици и само пет ФМ радија.
Кај ФМ радијата звучните содржини се пренесуваат со менување на фреквенциите на радио сигналот. ФМ радиото е патентирано во 1933 година, но во последниве години со дигтализацијата на радио сигналите неговата ера се доближува до својиот крај.
Сепак, според една американска студија од 2012 година, над 90 отсто од жителите на САД и натаму слушаат ФМ или АМ радио станици барем еднаш неделно, иако е забележан тренд на пораст на слушањето радио преку интернет.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа