Рецепт: Вкусна бела мусака

 

 

Состојки:

главица сецкан кромид

лажица маст

1 кг. мелено говедско месо

сол и црн пипер

3 јајца

малку лута пиперка

лажица сецкан магдонос

170 гр. сок од домати

1 кг. компири исечени на коцки

чаша топла вода

1,5 чаши јогурт

2 чаши брашно

Подготовка:

1. Кромидот пропржете го на маста, додека не стане златно-кафеавкаст, додадете месо, зачини, магдонос и сок од домат, па сето тоа заедно гответе го на тивок оган.

2. Потоа додадете компир и врела вода, па гответе во следните 10 минути.

3. Сето тоа префрлете го во земјен или огноотпорен сад и пола час печете на 190 степени.

4. Јогуртот, јајцата, брашното и солта добро промешајте ги и прелејте врз печеното месо. Варете во рерна на уште 10-на минути да се запече.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега