Шок за Италија - Балотели го напушта Купот на Конфедерации
Италијанскиот напаѓач Марио Балотели го заврши учеството во Купот на Конфедерации откако лекарските тестови покажаа дека неговата повреда на бутниот мускул е посериозно од првичните резултати. Имено на почетокот со сигурност се прогнозираше дека ќе го пропушти мечот со Шпанија, а евентуално би можел да се врати за финалето или за мечот за третото место. Но по направените дополнителни испитувања играчот на Манчестер Сити веднаш ќе се врати во Милано каде што ќе започне со рехабилитација.
„Балотели беше многу разочаран, но нема време да се опорави" - вели селекторот Чезаре Прандели.
„Во секој случај, немаше притисок од Милан на мене или на Федерацијата веднаш да го вратиме во Италија".
„Без Марио ќе се обидеме повеќе да се насочиме на колективната работа".
Џилардино ќе биде замената за Балотели во стартниот тим на „нероаѕурите“.