Српски медиуми: Инвеститорите незадоволни од Србија одат во Македонија!

 

Бавното спроведување на реформите и непредвидливоста на економските политики се само некои од причините поради кои германските компании се незадоволни од условите за водење бизнис во Србија, пишува српски „Курир“.

-Три компании од Германија кои што ги анализираа условите за водење бизнис во регионот заминаа во Македонија, а не во Србија, вели директорот на делегацијата на германското стопанство во Белград, Мартин Кнап.

Претставувајќи ги резултатите од анкетата на германско – српското работно здружение за условите за водење бизнис во Србија за 2015-та година, тој рекол дека во борбата за инвеститори конкуренцијата во Источна Европа доста е засилена, како и дека германските инвеститори повеќе сакаат да инвестираат во Македонија, отколку во Србија.

Амбасадорот на Германија во Србија, Хајнц Вилхелм оценил дека реформите на српската влада се уште не даваат резултат.

– Стопанството во Србија не е вистински придвижено и покрај доста храбрите реформски чекори од страна на премиерот Александар Вучиќ. Не е дојдено до полет и раст во земјата и тоа важи и за германските компании кои што работат во земјата, вели амбасадорот.

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега