Саем за вработување и кариера „Job Fair 2015“
Во организација на Бордот на eвропски студенти по технологија-БЕСТ Скопје од 5 - 7 мај на комплексот Технички факултети и на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се одржи второто издание на 11-от по ред Саем за вработување и кариера-Job Fair Vol.2.
Саемот има цел да им овозможи на студентите да остварат директен контакт со компаниите кои се во потрага по амбициозен и квалитетен работен кадар и да дојдат до работа или пракса во една од водечките компании во Македонија.
- Во деновите кои се предвидени за штандови, компаниите ќе ја изложат својата работа, цели и потреби во однос на бараниот кадар, а студентите ќе можат да се информираат подетално, да постават прашања или лично да си го претстават своето CV. Предвидени се и обуки и презентации од страна на професори и компании на најразлични теми на кои студентите ќе можат бесплатно да присуствуваат, велат организаторите.
Сите заинтересирани студенти може да се информираат за програмата и да го остават своето CV на официјалната страница www.jobfair.org.mk, чија датабаза е достапна за компаниите и студентите во текот на целата година.
Првото издание од 11. Саем за вработување и кариера Job Fair Vol. 1 се одржа од 9-ти до 11 март на Градежниот и Архитектонскиот факултет во Скопје. Саемот предизвика голем интерес кај студентите кои се запознаа со можностите за вработување и пракса кај повеќе успешни компании од земјата, велат од БЕСТ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа