Дачиќ: Србија ќе добие датум во декември или најдоцна до јануари

 

Српскиот премиер Ивица Дачиќ во интервју за весникот „Политика“ изјавил дека Србија би можела да добие датум за преговори во декември а најдоцна до јануари. Во интервјуто тој зборува за тоа дека ЕУ предложила датумот да се добие во декември, но германскиот Бундестаг инсистирал тоа да се случи во јануари наредната година. Дачиќ изјави дека за српскиот народ е фрустрирачки ЕУ да се двоуми за почетокот на преговори во месец декември. Кетрин Ештон пак изјави дека Белград и Приштина постигнале неповратен напредок во реализацијата на договорот од Брисел. 

Весникот посочува дека Советот на министрите на ЕУ денеска треба да заземе став по однос на одредувањето на датум за преговори за Србија.

 Инаку министрите на ЕУ денеска официјално ќе разговараат за Србија, а планот е до пладне да се усвојат заклучоци, кои треба да бидат донесени и на самитот во Брисел.

најчитано сега