ФОТО: Помогнете и на македонската полиција да ги пронајде овие дечиња

И по повеќе од 3 години од нивното исчезнување, нема траг од трите дечиња чии фотографии стојат на насловната страница на македонското МВР.

Мирсада Хељдовиќ од Куманово имала само 5 години кога исчезнала во април 2010та. Од тогаш нејзините родители Бајрамша и Насер безуспешно ја бараат својата ќерка.

Во март 2010 исчезнал и 5 годишниот Дане Мемеди. До тогаш со родителите Драган и Марина живеел во Куамново.

Третото исчезнато детенце е Митат Ибраими од Средно Коњари Скопје. Митат исчезнал на шест годишна возраст, во 2010та, носел зелена горна тренерка, плави фармерки и кафени патики.    

И покрај сите обиди полицијата не успева да ги пронајде исчезнатите деца.

И од Детската амбасада Меѓаши неодамна алармираа дека проблемот со исчезнати деца постои и во Македонија иако е далеку помал споредено со светскиот просек од 22.000 исчезнати деца секој ден.

најчитано сега