Од утре крај на горештините - следува посвежо време

Времето во Македонија утре ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, ретка појава на грмежи и ветар од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.

Во четврток ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Минимална температура ќе изнесува 17, а максималната 29 степени.

Слично време не очекува и во петок, со температури од 15 до 32 степени.

Понестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветар се очекуваат во сабота и во недела. Температурата ќе се движи во интервал од 15 до 32 степени. 

најчитано сега