Бизнис можностите на Македонија претставени во Естонија
Денеска владина делегација на Република Македонија предводена од премиерот Груевски е во посета на Естонија.
Како што информираат од владината прес служба, премиерот Груевски во своето воведно излагање се осврна на пријателските односи со Република Естонија и на можностите за економска соработка помеѓу двете држави.
- Персоналниот данок е 10% и данокот на добивка е 10%, но само за компаниите кои ќе ја распределат добивката како дивиденда. За оние кои ќе ја акумулираат или пак реинвестираат добивката, односно нема да ја распределат како дивиденда, данокот е 0%. Две третини од компаниите ја користат оваа исклучително поволна можност, истакна пред присутните Груевски.
Тој ги претстави и поволностите кои се нудат во технолошко - индустриските развојни зони.
- Ние сме свесни за ниските даноци, за намалувањето на административните бариери, добрата работна сила и останатите поволности кои ги нуди Македонија и приватните естонски компании е добро да се запознаат и да ги искористат тие можности, истакна претседателот на Стопанската комора на Естонија Луман.