Форум за вински туризам
Форум за вински туризам и вински патишта ќе се одржи денеска во Демир Капија во организација на Министерството за економија и фондацијата „Тиквешки вински пат“, кои вчера во Скопје организираа и меѓународна конференција на оваа тема.
На форумот ќе стане збор за потребите од едукација во туризмот, особено во винскиот.
Винскиот туризам во Македонија почнува да се развива од 2005 година кога стартуваше и Фондацијата Тиквешки вински пат.
Оцени ја веста
25.04.2015 - 11:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа