Колкава била просечната нето плата во февруари?

 

 

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во февруари годинава изнесува 21.104 денари и бележи зголемување од 0,8 отсто во однос на претходниот месец. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Други услужни дејности  за 8,6 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 5 отсто и Образование за 4 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е  забележано во секторите Рударство и вадење на камен за 8,8отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 8,3 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7,2 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната бруто плата по вработен во феврујари 2015 година изнесува 31.126 денари и е за 1,5 отсто повисока од претходниот месец. 

Во февруари 2015 година, 1,5 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега