„Денови на македонски производи, храна и вино" во Токио
Преку 60 гости присуствуваа на манифестацијата „Денови на македонски производи, храна и вино" што ја организираше деновие македонската амбасада во Токио.
Меѓу гостите беа и големи дистрибутери на храна и пијалаци, како и претставници на ЏАЈКА, ЏЕТРО и Министерството за земјоделство и промоција на агрикултурни производи и други.
Амбасадата презентираше македонски производи, храна и вино, а ги претстави и потенцијалите за инвестиции во делот на винската и прехранбената индустрија, винскиот и етно туризмот. Гостите имаа можност да дегустираат повеќе од 30 македонски производи од македонски фирми, како и преку 10 видови вина од различни винарии.
Првиот македонски амбасадорот на Република Македонија во Јапонија Андријана Цветковиќ се обрати пред гостите на јапонски и им порача лично да ја посетат Република Македонија, да се запознаат со нејзините убавини, вкусната храна, виното и потенцијалот за економска соработка.
За македонските производи (ајвар, мед, сирење, вино, ракија) се заинтересираа повеќето дистрибутери. Тие изразија интерес и истакнаа дека во периодот кој следува ќе ја посетат Република Македонија со цел воспоставување лични контакти со компаниите и разгледување на туристичките потенцијали на земјата, особено оние во делот на етно туризмот и винскиот туризам.
Во рамки на манифестацијата, вчера, денот беше посветен на традиционалната македонска кујна и беше наменет за медиумите. На настанот беа презентирани македонски национални јадења-тавче графче, сарма, пита, ајвар, шопска салата,... Презенитрани беа и македонски пијалоци и вина. Настанот го покрија повеќе медиуми меѓу кои најголемите - НХК ТВ, Асахи, и Маиничи Весникот. Маиничи, кој е меѓу трите најголеми медиуми во Јапонија и единствениот со Пулицерова награда, за настанот ќе објави ексклузивен текст на тема „македонска храна и туризам“ на шест страни во печатеното издание кое ќе биде достапно и на интернет.
Првата македонска амбасада на РМ во Токио се отвори во 2013 година, а првиот резидентен амбасадор Андријана Цветковиќ ја презеде должноста во октомври 2014 година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа