Казна од 600 евра за секој работник што ќе прими плата помала од минималната

 

Претставени се најновите измени на Законот за минимална плата, според кои, за секој работник кој ќе добие пониска плата од минималната утврдена со Закон, работодавецот ќе добие казна од 600 евра. Последниот рок за изготвување на овие измени истекува денес. Овде постои и уште една опција , а тоа е доколку казната се плати веднаш , односно во рок од седум дена сумата да се преполови и да изнесува 300 евра по работник.

Од вкупниот број фирми исплата на плата пониска од минималната е забележана само кај 1.500, главно: мали и средни. Се работи за 6.000 вработени кои примаат плата под законски утврдената минимална. Од почетокот на оваа година работодавците на работниците треба да им исплатат плата од најмалку 9.590 денари. Претходно минималецот изнесуваше 8.050 денари. Казните за неисплата на оваа сума според сегашната верзија на Законот за минимална плата достигнуваа вкупно 10.000 евра, но не по работник, како што се предлага сега.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега