„Алкалоид“ со раст на консолидиран извоз од 24% во првиот квартал од 2015-та
„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во првиот квартал од 2015 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
Во периодот јануари-март, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 2.085 милиони денари, што е за 11% повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за цели 24%. Зголемување од 7% е забележано и кај вкупната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која во првиот квартал годинава достигнува 324 милиони денари, додека нето консолодираната добивка од 199 милиони денари е зголемена за 4%, покажува консолидираниот Биланс на успех.
Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари-март, продажбите достигнуваат 1,5 милијарди денари, што е за 5% повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 282 милиони денари, бележи зголемување од 6%, додека нето добивката е зголемена за 3%.
Во периодот јануари-март 2015 година во Алкалоид се реализирани 27 нови вработувања во Република Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа