Прилепчанец се забавувал пукајќи од своето возило
Прилепчанец си заработи кривична пријава бидејќи предизвикал општа опасност со својот чуден начин на забава.
Се работи за 49-годишниот И.Н. кој на влез од селото Црнилиште со патничко возило од пиштол „црвена застава“ кал.7,62 мм што го поседувал со дозвола испукал три куршуми, при што еден проектил завршил во фасадата од продавница.