ФОТО: Доделени нови 50 ваучери за новороденчиња во Кисела Вода

Нови 50 ваучери за новородените деца од општина Кисела Вода, денеска додели градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ. Бројот на семејства кои досега имаат добиено еднократна парична помош за своите новородени деца достигна 982.

- Ние како општина и во иднина ќе вложуваме напори да овозможиме најдобри можни услови за живеење на сите наши жители. Би сакала да потенцирам дека овој проект кој е дел од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода ќе продолжи да се реализира се до истекот на мојот мандат, нагласи градоначалникот Беличанец-Алексиќ.

Упатувајќи им честитка на новите родители, таа уште еднаш испрати порака до сите кои имаат принова да ја поднесат потребната документација за остварување на еднократната парична помош.

- Постапката е едноставна и се состои од исполнување на неколку барања, а тоа се: и двата родитела да се со живеалиште на територијата на општината Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето, информира градоначалникот на општина Кисела Вода.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега