Македонија во „лов" на украински инвеститори

 

Над 100 компании во Украина се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија. Денеска на бизнис форум предностите за инвестирање во Киев ги претставија вицепремиерот за економски прaшања Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и амбасадорот на Република Македонија во Украина Столе Змејкоски.

За време на посетата на Украина, вицепремиерот Пешевски и министерот Павлески поволните услови за инвестирање во Република Македонија ги презентираа на уште два бизнис форуми, организирани во соработка со Стопанската комора на Украина и во соработка со Украинско - Британската комора за трговија. Вкупниот број компании пред кои беа презентирани предностите за инвестиции во македонската економија надмина бројка од 100 компании.

Воедно, вицепремиерот Пешевски и министерот Павлески одржале и повеќе работни средби со претставници на компании од различни бизнис сектори кои пројавиле особен интерес за инвестициските можности во Македонија.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 13:23
Фото: 
MIA

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега