Невладините организации бараат воведување сексуално образование во училиштата

Невладините организации и здруженија во Македонија бараат во училиштата да се воведе сексуално образоание.

„Бараме воведување на сексуално образование според принципите на Рамката за  сеопфатно сексуално образование како: сеопфатност, докажани научни сознанија,  слободен избор, недискриминација врз родова, етничка или основа на сексуална  ориентација, промовирање на родовата еднаквост и земање предвид на развојните  капацитети, учеството, потребите и заштитата на децата“, стои во декларацијата потпишана од 48 невладини организации и здруженија . За оставрување на таа цел тие препорачуваат два чекори. 
 
Прво, Министерството за образование до крајот на 2013 година заедно со стручната  јавност, граѓанските здруженија, како и учениците, наставниците и родителите да  изработи национален акционен план за системско воведување на сеопфатно  сексуално образование, во согласност на препораките на Рамката за сеопфатно  сексуално образование, на сите нивоа на образовниот систем и второ,  на краткорочен план, Бирото за развој на образованието до крајот на 2013 година да обезбеди обука и да го усвои подготвениот Прирачник за наставниот кадар  (одговорен за предметот образование за животни вештини) на теми од областа на  сексуалното и репродуктивното здравје и права, како и да ја осигури примената на  овој предмет во сите основни и средни училишта во Македонија.
ФОТО: Много

најчитано сега