НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА: 15 предвидувања на Бил Гејтс кои се исполниле

 

Уште во 1999 година, Бил Гејтс предвидел голем број на, до тогаш, незамисливи технолошки новини, кои навистина се оствариле.

1.ВЕБ СТРАНИЦИ

„Ќе дојде до развој на споредба на цените кои ќе овозможат луѓето на едно место да разгледуваат различни цени од различни веб страни, а со тоа ќе можат да го одберат, за нив најевтиниот производ. “

Она што денес го имаме е следно: постојат голем број на страни кои може да ги посетиме и да ги споредиме цените. На Гугл или на Амазон може да се пронајдат различни цени за исти производи.

2.МОБИЛЕН УРЕД

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Луѓето ќе се движат со мали уреди во своите раце кои ќе им овозможуваат да останат во контакт со останатите луѓе, каде и да се низ светот. Ќе можат да читаат вести, да го проверуваат својот лет, да ги следат берзите и да прават низа други работи со своите мобилни уреди. “

Она што го имаме денес: Смартфони кои можат, буквално да прават се што ќе посакаме.

3.ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

„Ќе плаќаме сметки и ќе ги проверуваме нашиот финансиски статус преку интернет, а со своите доктори ќе комуницираме он лајн.  “

Денес технологијата се уште не го променила здравствениот статус, но на пример во САД постои веб страна ZocDoc која може да го олесни пронаоѓањето на доктор. Сето останато е апсолутно точно: плаќаме и префрлуваме пари преку интернет.

4.ЛИЧЕН АСИСТЕНТ

„Ќе имаме лични асистенти. Тие ќе ги поврзуваат и синхронизираат нашите уреди на паметен начин, без разлика дали сме дома или на работа. Со тоа ќе ни овозможуваат да разменуваме податоци помеѓу нашите уреди. Ќе ги проверуваат нашите електронски пошти и нотификации и ќе го препознаат она што ни треба. Кога ќе одите во продавница ќе можете заедно со вашиот дигитален асистент што ви треба како финален производ, а тој ќе ви помогне да ги одберете вистинските намирници.“

Денес, најблиску до тој „личен асистент“ е Google Now, паметна он лајн услуга која може да се инсталира на смартфонот и може да ви асистира за секојдневните недоумици.

5.ВИДЕО ОД ДОМА

„Постојаните видео пренеси директно од вашата куќа, ќе бидат секојдневие. Така ќе знаете дали некој ви дошол на посета, додека вие не сте биле дома.“

Денеска имаме камери кои со години наназад се за широка употреба и истите ги прикачуваме во нашиот дом. Паметните камери кои се поврзани со нашиот смартфон, во секој момент можат да ни испратат фотографии кои се снимени во нашиот дом, додека ние не сме физички присутни таму.

7.АВТОМАТИЗИРАНИ ПРОМО ПОНУДИ

„Откако ќе купите карта и сместување за некое патување, веб страната сама ќе ви понуди активности кои можете да ги практикувате додека сте на пат, како и попусти кои би ве интересирале.“

Денеска страниците за патување како Expedije или Kayaka нудат најповолни понуди, а исто така и Гугл и Фејсбук можат да помогнат преку пребарување на вашата  локација.

8.СПОРТСКИ ДИСКУСИИ ВО ЖИВО

 

„Додека гледате некој спортски натпревар на телевизија, ќе можете во живо он лајн да разговарате за натпреварот.“

Денеска ова го нудат безброј спортски страници, а на Твитер, на пример, масовно се коментира за се што се случува во живо.

9.ПАМЕТНО ОГЛАСУВАЊЕ
„На дигиталните уреди ќе имаме можност за паметно огласување. Гаџетите ќе знаат што точно не интересира и ќе ни прикажуваат огласи кои се според нашите преференции.“

Денеска речиси сите огласувања се одвиваат на ваков начин.

10. ЛИНКОВИ НА СТРАНИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕНОСИ НА ТВ

„Телевизискиот пренос ќе биде „украсен“ со линкови на релевантни веб страници и содржини кои ќе го надополнуваат она што во моментот се прикажува на малите екрани.“

Речиси секој спортски натпревар, на пример, е проследен со линкови и веб страни со повеќе информации.

11.ОН ЛАЈН ФОРУМИ

 

„Граѓаните ќе можат да се приклучат на форуми на интернет на кои ќе можат да разменуваат мислења за различни теми.“

Денеска, речиси и да нема веб страница на која нема форум, а исто така и социјалните мрежи ја имаат истата намена.

12.ИНТЕРЕСНИ СТРАНИЦИ
„Он лајн заедницата нема да биде дефинирана според локацијата, туку според интересот на корисниците.“

Денеска секој еден може многу лесно да пронајде страница со содржини од негов интерес, каде ќе може да се поврзе со истомисленици, да дебатира, како и да дознава нови работи за она што е цел на негов интерес.

13.СОФТВЕР ЗА ВОДЕЊЕ ПРОЕКТИ

„Проект менаџерите ќе можат он лајн да ја организираат својата работа, да го промовираат проектот, да соберат соодветен тим, како и да примат препораки за своите идни вработени.“

Постојат голем број на софтвери за работни процеси, а се револуционаризира  и процесот на регрутирање и основање на тимови, како и организирање на самиот тим.

14. ОН ЛАЈН ВРАБОТУВАЊЕ

„Оние кои бараат работа ќе можат лесно да ја најдат на интернет, преку преварување на огласи, според нивните интереси, потреби и вештини.“

Денеска популарниот Линкедин овозможува оние кои бараат работа, он лајн да го уредат своето работно резиме, како и да прикачуваат огласи за работа. Исто така има и голем број на веб страни кои се креирани само за таа намена, работодавачите да огласуваат, а работниците да аплицираат на огласите.

15. БИЗНИС СОФТВЕР

„Фирмите ќе можат да се натпреваруваат за нови работи и проекти он лајн, без разлика за тоа дали станува збор за градежништво, филмска продукција, или било што друго.“

Денеска голем број на работни бизнис софтвери овозможуваат спојување  на проекти како и подобра комуникација помеѓу различни, па фирми кои соработуваат или пак конкурентски фирми.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега